October 20, 2020 11:15
Македонија

Инфо-штанд на ЦИВИЛ за европските вредности и интеграции во центарот на Скопје

Невладината организација ЦИВИЛ денеска со почеток во 12 часот, во центарот на Скопје, кај кафулето Гарсон, ќе одржи инфо-штанд посветен на промоција европските вредности и интеграции.

„Европа е наш дом” е проект посветен на мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области, но пред сè главната цел е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европска Унија.

– ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи во континуитет работи кон политичкиот дијалог, поддршка, но и преземање легислативни и граѓански иницијативи, со цел промоција на европските вредности, човековите права и слободи. Медиумската платформа придонесува кон навремено информирање на граѓанките и граѓаните за сите политичко-општествени процеси, воедно придонесува во борбата против хибридните напади врз демократијата, лажните вести, дезинформациите, говорот на омразата и другите облици на хибридни напади врз демократијата, велат од оваа невладината организација.

Оттаму истакнуваат дека освен информативен материјал за проектните цели на „Европа е наш дом”, граѓаните ќе можат да се информираат и за другите компоненти на овој сеопфатен и комплексен проект кој воедно преку промоција на европските вредности и поддршка на евроинтеграциите помага и во борбата против корупцијата, преку јакнење на јавната свест и соработката со релевантните институции во земјата.

Проектот го финансира Министерството за надворешни работи на Германија.