December 10, 2022 06:39
Спорт

Интер минатата сезона во минус од 140 милиони евра

Италијанскиот фудбалски гигант Интер објави денеска дека во сезоната 2021/22 регистрирал загуби во износ 140 милиони евра, што е пад во однос на годината претходно која беше во знакот на последиците од пандемијата на Ковид – 19. 

Во текот на сезоната 2020/21, Интер, чиј сопственик е кинеската групација Suning, забележа рекордни загуби од 245 милиони евра. 

Паралелно со ова, податоците покажуваат дека италијанскиот клуб во сезоната 2021/22 забележал раст на прометот на 439.6 милиони евра, 75 милиони повеќе во однос на сезоната 2020/21. 

Двете главни цели на клубот остануваат непоколебливи: да се одржи екипата конкурентна на највисоко ниво во сите натпреварувања и да ја зајакне својата финансиска позиција, соопшти Интер. 

Минатата недела уште еден водечки клуб во Серија А, Јувентус, објави дека веќе петта година по ред е во минус, откако минатата сезона забележал рекордна загуба од 254.3 милиони евра.