October 28, 2020 06:17
Спорт

Интер е заинтересиран за Смолинг, Јунајтед бара 20 милиони евра

Дефанзивецот на англискиот фдбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Крис Смолинг може да го напушти клубот. Рома сакаше да го откупи 30-годишниот Англичанец, но понудата на „римската волчица“ не му одговараше на тимот од „Олд Трафорд“. Англискиот клуб го проценува Смолинг на 20 милиони евра.

Сега Интер е заинтересиран за дефанзивецот, пренесува Калчомеркато. „Неро-азурите” одржуваа добри односи со Јунајтед по трансферите од Алексис Санчез и Ромелу Лукаку, нешто што може да помогне во зделката.

Смолинг минатата сезона одигра 30 натпревари во Серија А, играјќи за Рома како позајмен играч.