February 24, 2020 21:34
Спорт

Интер го позајми Виктор Мозес од Фенербахче

– Интер нема намера лесно да се откаже од борбата за Скудето во Серија А со Јувентус. По трансферот на Ешли Јанг, меѓу „нероазурите” пристигна и Виктор Мозес, поранешен играч на Челзи, а сега на Фенербахче, кој до крај на сезоната ќе настапува на позајмица на „Џузепе Меаца”. Во случај на двострано задоволство, калчолигашот ќе има право на откуп на неговиот договор за сума од 10 милиони евра.

Конте одлично го познава Мозес уште како менаџер на Челзи и верува дека квалитетите на крилниот напаѓач ќе бидат од големо значење за Интер во трката за шампионската титула во Италија оваа сезона.

По Светското првенство во Русија, Мозес се прости од настапите за репрезентацијата на Нигерија и се посвети на клупскиот фудбал. За нигерискиот национален тим од 2012 година до 2018 година одигра 37 натпревари и постигна 12 гола.

Интер викендот киксира во дуелот со Лече (1:1) и заостанува четири бода во однос на Јувентус.