December 10, 2022 05:54
Свет

Институт за воени студии: Русија ќе има големи проблеми со мобилизацијата

Американскиот безбедносен и одбранбен Институтот за воени студии пишува во својот последен извештај за војната во Украина дека „руската војска веројатно нема да ги надмине основните структурни предизвици“ бидејќи се обидува да мобилизира голем број луѓе да продолжи со својата инвазија на Украина.

„Вооружените сили на Русија не поставија услови за реализација на ефикасна мобилизација во голем обем од 2008 година и не ги изградија резервните сили неопходни за брза мобилизација, чија цел е да се постигне непосреден ефект на бојното поле “, се наведува во извештајот.

Рускиот претседател Владимир Путин, да потсетиме, минатата недела нареди мобилизација на околу 300.000 резервисти за војната во Украина.

Во последните неколку недели, руските сили беа претепани во североисточниот дел на Украина и беа принудени да побегнат од клучните градови Купјанск, Балаклија и Изум,пренесе Индекс.хр.