February 2, 2023 02:45
Свет

Инспектори на ОН истражуваат дали руските напади врз инфраструктурата се воени злосторства

Инспектори назначени од ОН истражуваат дали руските напади врз критичната инфраструктура во Украина претставуваат воени злосторства, изјави денеска Пабло де Граиф, еден од членовите на истражниот тим.
Тој на прес-конференција во Киев рече дека ќе преземе дополнителни чекори за казнување на одговорните доколку тимот утврди дека станува збор за воени злосторства.
Претседателот на истражната комисија Ерик Мозе изјави дека руските ракетни напади врз инфраструктурни објекти во Украина имаат катастрофални последици за голем број луѓе.
Комисијата собира дополнителни докази што ќе бидат претставени во март пред Советот на ОН за човекови права со седиште во Женева, изјавија членовите на тимот.
Од почетокот на октомври Русија врши ракетни напади врз украинската инфраструктура, предизвикувајќи прекини на струја и вода.

Претходните истраги покренати од советот произведоа докази користени во националните и меѓународните судови.

Тричлената истражна комисија, формирана од Советот за човекови права на ОН во март, заклучи дека Русија извршила воени злосторства во областите што ги окупираше во Украина.

Москва ги отфрли ваквите обвинувања.