December 7, 2021 04:40
Македонија

Инситуциите да постапат по снимката каде соработник на Димитриевски договара купување гласови

Изјава за медиуми, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Кумановската и македонската јавност вчера слушнаа како кандидат за советник, директор на основно училиште и близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со кои купува гласови. Цената на еден глас изнесува 500 денари плус 500 денари за посредникот на зделката.

Ова почитувани е срамно, неодговорно и пред се незаконско дејствување на Максим Димитриевски и неговиот тим.
Ова е класично режимско постапување од најлошите години на режимот. Со ваквото однесување Максим Димитриевски го покажа своето вистинско лице и уште еднаш покажа дека не е социјалдемократ, како што се претставува.
Надлежните институции веднаш да постапат по овој случај, да се отвори истрага, да се утврди одговорност и да следуваат соодветни санкции. Куманово памети како ВМРО-ДПМНЕ со години поткупуваше, уценуваше, заплашуваше граѓани во обид да ги притисне и на сила да завладее со Куманово. Тоа никогаш не им успеа.
Нема да му успее ниту на Максим. Граѓаните во оваа кампања го видоа неговот вистинско лице.

Кумановци и кумановки се чесни, горди и  достоинствени луѓе кои никој не може да ги купи, нема да успее ниту Димитриевски. Во недела, на 17 октомври, Куманово повторно ќе застане зад концептот на СДСМ и Најдоброто кој води напред кон развој.

На 17 октомври кумановци масовно ќе заокружат 12.

Куманово бил и ќе биде бастион на СДСМ и социјалдемократијата.