February 3, 2023 14:52
Македонија

Иноватор смета дека има решение за заканите за бомби во училиштата

По заканите за бомби во пет кавадаречки училишта изутринава, се огласи професорот иноватор Димитрија Ангелков од средното електро-машинско училиште во Кавадарци, кој смета дека постои решение за надминување на проблемот.

– Решение за дојавите е многу едноставно користење централиризан емаил сервер, на кој ќе бидат пријавени сите дигитални сертификати издадени од телеком и кибс. Така никој нема да може да прати емаил на школо ако нема валиден сертификат, добиен од телеком или од кибс. Решенија има, треба да се практикуваат. Друго решение е користење десктоп апликација вибер, кој работи, преку активација од мобилниот телефон, така исто секој што ќе се осуди да прати порака, ќе се знае од кого е пратена, смета професорот кој има добиено бројни награди за иновации.

Накратко кажано, вели професорот, со ова поединци нема да можат да праќаат мејлови по училишта, затоа што ќе им треба дигитален сертификат за да може електронски да комуницираат со училишта.

 

Во Полициска станица Кавадарци утрово околу 7 часот  било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта (две средни и три основни) во Кавадарци им била упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, полицијата презела мерки за безбедно евакуирање од училиштата и во тек се антитерористички проверки.