September 23, 2019 07:23
Култура

Инклузивна ликовна колонија во Папрадиште

Во планинарскиот дом во Папрадиште денеска се одржа еднодневна инклузивна ликовна колонија на која учествуваа 13 деца од велешките редовни основни  и од Посебното училиште „Маца Овчарова”. Како што појасни Зага Колодезни, носител на проектoт „Ликовен инклузивен караван”, целта на ликовните колонии и работилници што ги организираат е преку нив да се  подобри  социјалната инклузија на деца и млади со попреченост на возраст од 13 до 15 години преку ликовно творење заедно со нивни врсници од редовните основни училишта, со меѓусебно запознавање и другарување.

-Децата денеска најпрво се запознаа со природните убавини на Папрадиште,потоа собираа цвеќиња,папрати и лисја кои им служеа како печати со кои правеа интересни слики, појасни Колодезни.

На новите ликовни техники ги упатија ликовните ментори на проектот професорите по ликовно, Елена Димова Пантелиќ и Драганчо Таневски.

Првата ликовна колонија Езерски бранувања од 13 до 18 јули ја одржаа на брегот на Охриското Езеро, а беа сместени во детското одмаралиште „Мајски цвет” во Струга. Ќе следи и трета инклузивна ликовна колонија во археолошкиот локалитет Стоби на 14 следниот месец.

Сите дела од трите инлузивни ликовни  колонии, како и делата од  неколкуте претходно одржани работилници во Велес, на крајот од проектот  ќе бидат изложени на продожна изложба што ја планираат на почетокот на октомври во Велес, а ќе биде промовиран и каталогот со сите изработки.

– Средствата  собрани од продажбата на делата ќе бидат наменети за организирање нови креативни работилници помеѓу децата и младите со попреченост и со типичен развој. Со тоа ќе овозможиме подигање на инклузивната култура како помеѓу младите, но и кај возрасните, појаснува дефектологот Колодезни.

Нови вести

„Златна камера 300″ за француската кинематограферка Хелен Лувар

Igor

На ИФФК „Браќа Манаки” доделена награда за најдобар документарен филм

Igor

50 години Светска галерија на карикатури Скопје 1969-2019

Igor