Search

Иницијатива: Драмски театар да го носи името „Горан Стефановски“

Една од иницијативите  е токму Драмскиот театар во Скопје да го носи името на Горан Стефановски, со оглед дека во оваа театарска куќа беа првпат поставени, но и беа изведени најголем дел од неговите драми. Во оваа театарска куќа некои од неговите драми се режирани и по двапати…

Луѓето кои го познаваа и го знаат неговото значење сметаат дека е еден од најголемите амбасадори на Македонија и македонската култура, бидејќи неговите драми се поставувани насекаде во светот. Токму од тие причини ненадејната смрт на големиот македонски драмскиот автор Горан Стефановски, покрена лавина иницијативи на социјалните мрежи со многубројни предлози на најдобар начин да се оддаде почит кон неговото име и дело. Една од иницијативите е токму Драмскиот театар во Скопје да го носи името на Горан Стефановски, со оглед дека во оваа театарска куќа беа за првпат поставени, но и беа изведени најголем дел од неговите драми. Во оваа театарска куќа некои од неговите драми се режирани и по двапати…

Така, првата драма на Стефановски „Јане Задрогаз“ во Драмски е поставена во 1974 година, а потоа следуваа и “Диво месо” (1980) во режија на Слободан Унковски, “Хај-фај” (1983), “Дупло дно” (1984), “Тетовирани души” (1985) во режија на Паоло Маџели, за во периодот што следува да се постават и “Кула вавилонска” (1990), “Чернодрински се враќа дома” (1992), “Диво месо” во режија на Александар Поповски (2000), “Тетовирани души” во режија на Сашо Миленковски (2001), но и “Евримен” (2004), “Лет во место” (2005), “Демонот од Дебар маало” (2006) и последната “Огнени јазици” (2013).

Во чест на Стефановски, во Драмски изминатите два дена беше одржани проекции на претставите “Диво месо”, и “Дупло дно”, но како што велат оттаму тоа е само почеток на серијата настани со кои македонската јавност ќе се потсети на ремек-делата на нашиот Горан Стефановски. А драмите на Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, тој ни ја предава историјата на македонскиот народ, со сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разидувања, стремежот за подобро утре…

Треба да знаете
Последни објави