November 29, 2022 04:33
Свет

Индонезискиот претседател нареди компензација за семејствата на 125-те жртви во судири и стампедо на стадион

Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо нареди компензација за семејствата на 125-те жртви во судири и стампедо на стадион за време на викендот, информираше денеска главниот министер за безбедност Махфуд МД.

– Во знак на сочувство, претседателот одлучи компензација од 50 милиони рупии или 3.200 долари за секоја жртва, појасни тој на прес-конференција.

Како што нагласи министерот, парите ќе бидат исплатени за еден или два дена.