October 6, 2022 12:21
Економија Свет

Индија со зголемени инвестиции за производство на полупроводници

Индија ги зголеми стимулациите за производство на чипови и екрани за да се позиционира како клучен играч во глобалните синџири на снабдување.

Министерот Рајев Чандрасекар очекува мерките да привлечат најмалку 25 милијарди долари инвестиции.

Индиската Влада ги зголеми и стимулациите за изградба на нови фабрики за полупроводници и сега покрива половина од трошоците. Таа ќе финансира и половина од трошоците на погонот за пакување полупроводници.

Најавено е и укинување на лимитот за инвестиции во производство на екрани.

Чандрасекар изјави дека Владата разговара со многумина глобални играчи за вложување во производство на чипови во Индија.

Минатата недела, конгломератот „Веданта” и тајванскиот „Фокскон” со индиската сојузна држава Гуџарат потпишаа договор за вложување 19,5 милијарди долари во изградба на погони за производство на полупроводници и екрани.

„Веданта” е трета компанија што објави локација на фабрика за чипови во Индија.