March 3, 2021 03:14
Свет

Индија почнува со дистрибуција на вакцини за КОВАКС програмата на СЗО

Индија денеска ќе го испорача првиот контингент вакцини како дел од програмата КОВАКС на Светската здравствена организација (СЗО), со која се планира рамномерна дистрибуција на вакцините во целиот свет, објави индиската влада.

„Наша обврска е да му помогнеме на светот со правење вакцини против Ковид. Вакцините со ознака „произведени во Индија” ќе бидат испратени во Африка како дел од програмата Ковакс, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Анураг Сривастава.

СЗО го отвори патот за дистрибуција на вакцината АстраЗенека ширум светот овој месец со давање на зелено светло за итна употреба, а дозите се произведени во Серум Институтот Индија (SII), најголемиот светски производител на вакцини, како и во СК Биосајанс во Јужна Кореја .

СИИ наскоро ќе започне со производство и на вакцините Новавакс, главно за посиромашните и средно развиените земји.

Досега, Индија испрати повеќе од 17 милиони дози во повеќе од 20 земји во светот, а за свои потреби, владата во Њу Делхи досега нарача 31 милион дози.

Given Movie (https://wcostream.cc/m/XW7J) Episode Full at website https://wcostream.cc. See more mickey and the roadster racers wcostream

Watch High School DxD Hero (Dub) Episode 11 at GoGoAnime gogoanime twitter