December 13, 2019 08:25
Свет

Индија во следните денови планира олеснување на рестрикциите во Кашмир

Индија во следните денови ќе ги укине ограничувањата за слобода на движење и комуникации во Кашмир, соопшти индиската Влада, одговарајќи на критиките за престрогите рестрикции во таа спорна област.

Овој месец во Кашмир беа прекинати телефонските и интернет врски, откако претходно Њу Делхи одлучи да ја укине автономијата на тој мнозинско муслимански регион со повлекување на членот 340 од индискиот Устав.

Рестрикциите во Кашмирската долина, каде живеат околу седум милиони луѓе, предизвикаа многу критики, а индискиот Врховен суд минатиот петок ја сослуша уредничката на весникот „Кашмир Тајмс”, Анурада Басин, која побара враќање на комуникациските врски, за да можат новинарите да работат.

Индиските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека училиштата најверојатно повторно ќе бидат отворени в понеделник. Стотици политички лидери и активисти и понатаму се наоѓаат во притвор, а некои и во затвори надвор од Кашмир и Џаму.

Нови вести

Конзервативците на Џонсон пред убедлива победа

Igor

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

zane

Сенатот ја потврди кандидатурата на Џон Суливан за амбасадор на САД во Русија

zane