Свет

Инвалид го преживеал цунамито во Тонга – пливал 24 часа до следниот остров

Приказната за граѓанин на Тонга кој бил зафатен од цунамито и кој пливал меѓу островите повеќе од 24 часа е една од првите што излегла од оваа островска држава.

Лисала Фолау, пензиониран столар и инвалид, изјави за тонганската радио станица „Broadcom FM“ дека отпливал од својот остров Атат до два други ненаселени острови и конечно стигнал до главниот остров Тонгатапу, на околу 13 километри, пренесува британскиот весник Гардијан.

Вели дека се сокрил со семејството во источниот дел од куќата, бидејќи брановите доаѓале од запад.

После тоа со внуката се качил на дрво додека брат му истрчал да побара помош. Кога затишија брановите, тие се спуштија, но токму тогаш удри поголем бран.

-Кога бранот пукна на копното веднаш под нас, јас и внука ми Елисива немавме за што да се држиме и паднавме во морето. Ова беше во 19 часот – изјави Фолау.

Тој додаде дека после тоа пливал и дека во еден момент, источно од островот Токио, видел полициски патролен чамец по кој мавтал, но тие не го виделе.

Потоа се обидел да стигне до островот Поло до кој во неделата пливал од 10 до 18 часот, но таму немало никој, тврди тој, по што решил да се упати кон Сопа, кој се наоѓа на главниот остров Тонгатапу.

Околу 21 часот, Фолау стигнал до куќа во Сопа.

Британски „Гардијан“ сепак не успеа да утврди што се случило со синот и внуката на Фолау со кои бил во Атат.

Сепак, потврдено е дека по цунамито загинале само три лица, од кои ниту едно не било од Ата.

anime sites. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

GoGoAnime The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat Episode 10 - Uncen

GoGoAnime The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 20

anime online Horimiya (Dub)

watch anime free My Hero Academia Season 3