March 22, 2019 04:04
Свет

Инвазија на скакулци во Мека

Најсветото место на муслиманите, Мека, го погоди инвазија од црни скакулци.

Иназијата почна кон почетокот на неделата, а властите во Саудиска Арабија ангажираа 22 тимови од вкупно 138 лица да се „борат против инсектите”, наведе „Њузвик”.

Тимовите се фокусирани на гнездата и местата каде се собираат црните скакулци, околу водата и водоводните цекви.

Иако црните скакулци се големи штеточинци не пренесуваат зарази.

Од Универзитетот „Крал Сауд” посочија дека во Мека моментално има околу 30.000 скакулци, предупредувајќи дека можно е да се има уште една инвазија со илјадници инсекти.

Нови вести

Најголема заплена на дрога во Филаделфија во последните две децении

Filip

Околу 50.000 Италијанци протестираа против мафијата

Filip

Трамп: Време е да се признае израелскиот суверенитет над Голан

Filip