Хроника

Имам од Македонија протеран од Италија поради тероризам

Имамот од Македонија, Зејнулах Садики (31) ќе биде протеран од Италија поради исламски радикализам, дознава 24 Инфо. Според обвинението, тој премногу долго ја злоупотребувал својата позиција како религиозен авторитет во локалната Исламска заедница во провинцијата Гросето за да пропагира џихад и да регрутира следбеници. Затоа агентите на ДИГОС ( Дивизјата за истраги и специјални операции) во чекор го следеле три години.

Утрото откако го уапсиле го префрлиле во Центарот за идентификација во Торино, каде се одвива процедурата за негово протерување на 15 години.

Според медиумите, Садики подолго време се занимавал со проповедање на радикален ислам. Имамот во 2010 година бил протеран од џамијата во Џенова поради безбедносни причини од ДИГОС, а која и сега го товари Садики за тероризам.

Имамот е обвинет дека пропагирал во корист на ИСИС, а за прв пат во јавноста во Италија станал познат во 2015 година кога била разбиена џихадистичка ќелија во провинцијата Гросето. Се шпекулираше дека Садики бил поврзан со Марија Џулија Серџо, алијас Фатима, првиот италијански државјнин кој заминал да се бори во редовите на ИСИС во Сирија. Таа се омажила за Албанец со кого заедно престојувале во Скансано, гратче во Гросето во Исламска албанска заедница каде бил и Садики. Но тој негирал дека се сретнал со Фатима.

Сепак, доказите против него зборуваат дека во 2013 година во неговиот Исламски центар го поканил Шефкет Красниќи, проповедник од Косово, кој подоцна беше уапсен и обвинет за регрутирање на џихадисти.

Садики самиот на Фејсбук потврдил дека е протеран, но дека не е виновен и стравува за своето семејство.

-Ме уапсија во мојот дом, без сведоци затоа што претставувам опасност за италијанската држава како исклучително радикален имам и бидејќи сум посетувал многу исламски центри. Но ако се уште има правда во Италија ќе се вратам брзо, напишал имамот.

 

Нови вести

(Фото) Тешка сообраќајка кај пазарот во Аеродром

Igor

Камионџија тешко повреден кај Демир Капија

Daniela

Тинејџер и малолетник тешко повредени во сообраќајка со мотор

Daniela