September 18, 2021 16:30
Македонија

Илире Даути: Тие кои побараа дебата за Државјанството, избегаа од амандманска дебата

Слушам колеги, дури и денес постојано ги слушав и со жалење морам да кажам дека конечно се потврди тоа  што го имав како дилема цело време во петокот и денес. Цело време баравте дебата, баравте амандмани, баравте во петокот да имате повеќе амандмани, но амандманите за кои претходно разговаравме, сè уште не беа исцрпени. Како што рече претседавачот, предлагачот на амандманот не сакаше да го брани и воопшто не беше тука денес. Ова само го открива самиот предлагач на амандманите и сите тие кои бараа дебата, бидејќи времето и тоа што тие го бараа за дебата, еве го моментот на дебатата. Ние навистина сакаме да слушнеме кои се нивните аргументи, со нивните амандмани со кои го побараа истото со скоро сите амандмани. Дури и во петокот и денес, не дека амандманите се исцрпени, но драги колеги, цело време празни ви биле аргументите, потрошени, или подобро да кажам дека никогаш не сте ги имале. Не ве обвинувам што немавте аргументи, затоа што ниту вие, ниту некој друг не може да има аргумент што ќе не убеди и кој било друг дека од истите причини ние имаме државјанство, некој друг иако ги исполнува истите критериуми и услови нема државјанство. Затоа сте бледи и не дебатирате, ниту денес ниту во петок. Процедуралните не ја опфаќаат дебатата што ја побаравте. Тоа што го велите дека требаше да се сретнеме со граѓаните, ние со граѓаните се сретнавме на време.

AnimeFreak: Macross F Movie 2: Sayonara no Tsubasa anime episode Full online free at https://animefreak.ws fire force animefreak

TwistMoe: Gundam Evolve anime episode 15 online free at https://twistmoe.net anime streaming

Website https://wcostream.cc: Watch Kiss Him, Not Me! wcostream Episode 12 wcostream dragon ball

Assault Lily: Bouquet (Dub) (https://animekisa.in/m/yYbE) Episode 12

Buddybio: https://buddybio.com/animefreakws

Wakelet: https://wakelet.com/@gogoanimebe