November 27, 2021 18:38
Македонија

Илиевски: Од 14 милиони оперативен буџет, Димитриевски со 2 милиони вратил долг, а со 12 изградил еден кружен тек и една монтажна катна гаража

„Го замолувам Максим Димитриевски да не ги лаже луѓето и да не манипулира со јавноста. Да објасни како со оперативен буџет од 14 милиони евра, како што кажа тој, врати 2 милиони евра долг, а 12 милиони евра потроши на еден кружен тек, една монтажна катна гаража и столпчиња на булевар. Ништо друго, сите други проекти во Куманово се финансирани со средства на Владата“ кажа кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ и коалицијата, Оливер Илиевски на дебатата на ТВ24.

Тој додаде дека целата програма што Димитриевски ја ветува на овие избори е истата од 2017 година, бидејќи проектите не се реализирани.

„Повеќе современи катни гаражи – неизградени, две детски градинки – нема, реконструкција на градски плоштад – нема, уредено речно корито – нема, нов ГУП – нема. Сите проекти ветени во 2017 сега се повторно во програмата, бидејќо ништо не е реализирано“ кажа Илиевски.

Кандидатот од СДСМ ги повика сите граѓани да го поддржат во вториот круг, бидејќи нуди остварливи проекти за кои има финансиска конструкција и план кои ќе бидат финансирани од општинскиот буџет, а кои од централната власт.

One Piece: Episode of Luffy - Hand Island Adventure (https://animedao.nl/m/mZn4) Episode Full

Watch Angel Tales (Dub) Episode 12

https://animeheaven.pro animeheaven one piece

The Legend of Qin VI Episode 23

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed