January 27, 2020 14:37
Свет

Израел ја нападна сириската воена база Т4

Сириската војска објави дека израелски воени авиони ја таргетирале главната воздушна база Т4 во провинцијата Хомс, и дека во нападот е причинета само материјална штета.

Портпарол на сириската армија за државните медиуми изјави дека четири израелски ракети ја погодиле базата, но и дека сириската противвоздушна одбрана успеала да пресретне повеќе израелски проектили.

За нападот претходно извести Сириската телевизија, која не прецизираше кој стои зад нападот.

Базата Т4, за која тврдат извори од западните разузнавачки агенции дека ја користела иранската Револуционерна гарда, беше повеќе пати цел на израелски ракети во изминатите години.

Нови вести

Хејли за „Договорот на векот” : За ракоплескање се потребни две раце

zane

Документи на ЦИА откриваат дека Хитлер фантазирал дека е Исус Христос

zane

Американец пет години држел жена како сексуална робинка

zane