June 22, 2021 23:46
Свет

Израел ликвидираше двајца разузнавачи на Хамас

Израелската војска соопшти дека елиминирала двајца од клучните разузнавачи на радикалното палестинско движење Хамас.

„Со помош на нашите авиони-ловци, како и на безбедносните служби, ги елиминиравме клучните фигури во разузнавањето на Хамас: Хасан Кауџи, шеф на одделот за воени разузнавања на Хамас и неговиот заменик, Ваил Ису, шеф на одделот за контраразузнавање”, се вели во во официјалното соопштение на израелската армија.

Во последните денови ескалираше палестинско-израелскиот конфликт. Постои интензивна размена на ракетни напади меѓу Израел и палестинските радикали од Појасот Газа. Тензиите се зголемија откако немирите во џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим започнаа на почетокот на мај, при што беа повредени повеќе од 700 лица.

Судирите меѓу Палестинците и безбедносните сили беа предизвикани од одлуката на израелскиот суд да одземе куќи во Шеик Џара од арапските семејства кои живеат таму повеќе од половина век во корист на еврејските доселеници со образложение дека куќите им припаѓале пред 1948 година.

AnimeDao detective conan animedao: Dragon Ball Z (Dub) Episode 291

AnimeFreak anime freak new site: My Hero Academia 2 (https://animefreak.ws/m/e8Lv) Episode 25