June 21, 2021 17:17
Балкан

Израел го признал Косово под притисок на САД и согласност на Србија !?

Израелскиот амбасадор во Белград, Јахеи Вилан, утрово за време на неговото гостување во програмата ТВ Прва, изјави дека не кажал оти Србија ја признала независноста на Косово, но дека Израел го признал Косово под притисок на САД. Претходно Владата на Србија остро реагираше поради изјавата на Вилан. Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека се неточни тврдењата дека Србија има потпишано договор со Косово во Вашингтон и дека станува збор за „своевидна дрскост”.

– Јас изјавив дека во Вашингтон, Србија потпишала договор со САД и дека Косово потпишало договор со САД. Јас не наведов дека Србија го признала Косово, изјави Вилан на прес-конференција во израелската амбасада во Белград.

Претходно, Никола Селаковиќ за ТВ Прва изјави дека наводите изречени од израелскиот амбасадор се неточни и дека станува збор за своевидна дрскост.

Селаковиќ, покажувајќи ги документите пред камерите, посочи дека претставниците на Белград и Приштина потпишале два различни документа.

Тој повтори дека Вучиќ и Авдулах Хоти, потпишале два различни „листа” и наведе дека во документот потпишан од Хоти стои дека „Приштина и Израел се согласуваат меѓусебно да се признаат”.

– Во документот потпишан од претседателот Вучиќ се вели дека Србија, односно Белград, се согласува да отвори економско, државно претставништво во Ерусалим до 20 септември 2020 година, како и да ја премести амбасадата до 1 јули 2021 година, изјави шефот на српската дипломатија.

Тој посочи дека Вучиќ потпишал документ во кој не се споменуваат Косово или Приштина, додека од друга страна „Израел подлегнал на притисоците кои српскиот претседател не ги направил”.

Селаковиќ кажа дека во овој момент не е сигурно преместувањето на српската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и истакна дека „тешко дека тоа ќе се случи, особено по израелското признавање на Косово”.

Во утринската програма на ТВ Прва, водителот го праша израелскиот амбасадор зошто неговата земја го признала Косово, со оглед на тоа што имаат нерешена ситуација на своја територија, а тој одговори:

– Одлуката на Израел да го признае Косово беше донесена под американски притисок. Патем, да не заборавиме дека тоа е сторено во рамки на договорот меѓу Србија и Косово, особено со Америка, а не со нас, со Израел. Јас не се обидувам да се кријам зад тоа. Таа одлука ја донесе Израел по многу години во текот на кои не го признавме Косово. Тоа е дефинитивно против нашите интереси во Србија, тоа е против моите интереси, кажа Вилан.

KissAnime kissanime food wars: Watch Fairy Tail (Dub) Episode 79 (https://kissanimeonline.com/m/7oRK/ep-79)

AnimeTV chain anime tv: One Piece Episode 973