July 26, 2021 02:19
Свет

Израелски трупи на границата со Газа, се планира копнена инвазија

Продолжија судирите меѓу израелските и палестинските сили. Ракети летаат од двете страни. Израелската армија објави дека војниците нема да имаат слободен викенд поради можност за копнени операции во областа на појасот Газа, бидејќи конфликтите таму се интензивираат, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска и нареди на израелската армија да повика 9.000 резервисти, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана.

„Министерот за одбрана Бени Ганц откако ја процени одбранбената состојба во областа, согласно со оперативната потреба, ја овласти ЦАХАЛ итно да мобилизира уште 9.000 резервисти”, се вели во соопштението.

Претходно, портпаролот на израелската армија, бригадниот генерал Хидаи Зилберман изјави дека армијата е „подготвена да започне копнена операција во секое време”.

Според „Џерусалим пост”, планот за копнена операција треба да му биде презентиран денеска на началникот на ГШ Авив Кохави.

Покрај „Бритиш ервејс“, летовите кон Тел Авив ги откажаа и „Вирџин Атлантик“, „Луфтханза“ и „Иберија“ и со тоа им се придружија на американските авиокомпании кои претходно ги откажаа летовите кон Израел.

Организацијата Хамас објави дека истрелале ракети кон израелскиот аеродром „Рамон“, во близина на Црвеното Море.

Израелските власти пак соопштија дека ниедна ракета не го погодила аеродромот Рамон, кој работи нормално.

По ракетирањето на Тел Авив, сите пристигнувања на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив беа пренасочени кон аеродромот „Рамон“ на југот на земјата.

4Anime persona 4 animation reddit: High-Rise Invasion (https://4anime.biz/m/Vz8P) Episode 12

AnimeTV best anime tv shows: Watch The Promised Neverland Episode 9