February 3, 2023 10:39
Спорт

Изненадување од Франција: Бензема би можел да заигра на СП во Катар?

Репрезентацијата на Франција веќе се пласираше во осминафиналето на Светското првенство по двете победи во првите две кола, против Австралија и против Данска. Интересна информација доаѓаат од дел од француските медиуми кои тврдат дека Карим Бензема, носителот на „Златната топка“ се опоравил од повредата и дека би можел да се врати на СП во Катар за мечевите од нокаут фазата.

Напаѓачот заработи повреда само еден ден пред почетокот на турнирот и мораше да се врати во Мадрид на опоравување. Интересно е дека селекторот Дидие Дешамп одби да повика замена за Бензема.

Од „РМЦ Спорт“ сега тврдат дека Бензема сепак би можел да се врати во Катар и да игра на Светското првенство доколку се опорави комплетно. Французинот веќе започнал со тренинзи и се верува дека предвреме би можел да им се врати на активностите на својот клуб Реал Мадрид.

Бидејќи Дешамп не повика замена за Бензема, тој се уште е дел од француската репрезентација и е именуван во ростерот за групната фаза. Сепак, конечната одлука за неговото повикување ќе ја донесат селекторот Дешамп и одговорните од Француската фудбалска федерација.