November 25, 2020 09:31
Спорт

Изненадувања во вторта рунда од бундеслигашката конкуренција

Денес се одиграа  пет натпреварите од 2.коло во германската фудбалска бундеслигашка конкуренција, а најголемото изненадување го приреди Аугсбург, кој на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0. Аугсбург поведе во 40.минута со голот на Удуохаи, а во 54.минута Каљури ја потврди големата победа за баварскиот тим, нанесувајќи и го првиот пораз на Борусија во новата сезона.,

Мајнц поведе против Штутгарт со погодок на Кваисон во 13. минута, но на крајот загуби со 4-1. Головите за Штутгарт ги постигнаа Вамангитука, Дидави, Климович и Калајџиќ.

Арминија го совлада Келн (1:0) со голот на Едмундсон, додека Унион Берлин ја изненади во Менхенгладбах Борусија со реми (1:1). И дербито Баер и Лајпциг заврши со без победник (1:1).