October 15, 2019 11:34
Скопје

Изменет сообраќаен режим во Скопје поради велосипедско дефиле

Во Скопје денеска ќе има изменет сообраќаен режим поради велосипедското дефиле „Ден без автомобили” што се организира во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019.

Дефилето го организира Град Скопје, а ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко”, по улицата „Филип Втори Македонски”, лево по булеварот „Гоце Делчев”, лево по булеварот ВМРО, потоа десно по булеварот „Партизански одреди”, десно по булеварот „8 Септември” и десно по булеварот „Илинден” до Градски парк (Школка).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Нови вести

Се обновуваат кошевите на спортските игралишта во Општина Аеродром

zane

Обновени кошевите на спортските игралишта во Аеродром

Valentina

Без струја делови на Сарај, Студеничани, Кисела Вода…

Igor