December 2, 2020 01:00
Хроника

Изгубил контрола над возилото и се забил во бандера

На 25.10.2020 во 11.00 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Словенија“, А.Н.(28) од Скопје, управувајќи патничко возило „рено твинго“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бандера. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Д.(21) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.