April 20, 2021 01:46
Скопје

Изграден паркинг простор на местото на старата полициска станица во Ѓорче Петров

На место на поранешната полициска станица која беше срушена пред неполна година, општина Ѓорче Петров изведе нов паркинг простор со 46 паркинг места. Од нив 42 места се наменети за моторни возила, 1 паркинг место за возило на лица со попреченост и 3 паркинг места за мотоцикли. Изведена е атмосферска канализација и поставено е соодветно осветлување со што е зголемена безбедноста на граѓаните и намален ризикот од кражби.

Изградбата на паркингот е по барање на околните станари кои со неговата изведба добиваат соодветно место за своите возила а истовремено и зголемена безбедноста во сообраќајот.

За три години во централниот дел на Ѓорче Петров изведени се 5 паркинг простори со капацитет за околу 200 возила, со што се решава проблемот со паркирање во општината.

Обезбедувањето на соодветен паркинг простор е од исклучително значење за непречено функционирање на сообраќајниот систем во општината.

AniWatch watch animes: A Silent Voice (https://aniwatch.pro/m/QDBP) Episode Full

KissAnime black clover kissanime: Attack on Titan Episode 25