August 20, 2022 01:52
Хроника

Изгоре поле со јачмен во Илинден

 На 17.06.2022 во 16.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Илинден, на место викано „Вршник”, настанал пожар на нива со површина од околу 30 хектари, засадена со јачмен, а сопственост на повеќе лица. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.