August 23, 2019 17:58
Хроника

Изгоре куќа во скопско Батинци

Kуќа изгоре во пожар во скопското село Батинци. Како што информираат од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот избувнал на полноќ на улицата 6 бр.14. Екипите интервенирале на терен од полноќ до 2,40 часот изутрината. Пожарот го гаснеле шест возила и 14 пожарникари. Од огнот се зафатени 100 квадратни метри, а штетата не е утврдена.

Нови вести

Вреќи со 20 килограми марихуана запленети во автомобил на двајца Дебрани

Daniela

Приведен дилер на хероин од Гостивар

Daniela

Србин и Турчин приведени на аеродромот во Скопје

Daniela