Search

Изгореа три автомобили кај Порта Влае

На 05.08.2020 во 02.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг просторот од булеварот Партизански одреди со улицата Есперанто кај „Порта Влае“, настанал пожар на патничко возило „тојота јарис“, во сопственост на правно лице од Скопје, чиј сопственик е Г.Ѓ.(57) од Кичево, кое било целосно опожарено.

Од пожарот биле зафатени и патничките возила „мерцедес Ц200“ и „хјундаи акцент“. Од Противпожарната единица од Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот направила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави