October 22, 2021 07:39
Свет

Изгласана недоверба на либиската преодна влада

Либискиот Парламент денеска изгласа недоверба на преодната влада на премиерот Абделхамид Дбеиба, три месеци од клучните парламентарни и претседателски избори што треба да ја извадат земјата од деценија на хаос.

– Осумдесет и девет од 113 присутни пратеници и изгласаа недоверба на владата, изјави портпаролот на парламентот, чие седиште е во Тобрук, на истокот од земјата.

Гласањето е две недели по ратификацијата на контроверзниот изборен закон што предизвика тензии меѓу ривалските страни во земјата.

Гласањето се одржа зад затворени врати во присуство на претседателката на парламентот Агила Салех, сојузник на командантот Калифа Хафтар, главниот човек на истокот на земјата.

Високиот совет на државата Либија, тело што служи како Сенат со седиште во Триполи, на запад од земјата, реагираше брзо, наведувајќи дека ја отфрла таа постапка, ја смета за ништовна и смета дека ја крши уставната декларација и политички договор од 2015 година.

Либија се обидува да излезе од една деценија насилство по падот на Моамер Гадафи во 2011 година и хаосот обележан со постоењето на две ривалски власти на истокот и западниот дел од земјата.

Website https://animetv.cc: Watch Welcome to the N.H.K. animetv Episode 24 anime tv dragon ball z

Space Ace (https://animeflv.uk/m/pvm6) Episode 1

Watch Concrete Revolutio (Dub) Episode 13

Website https://4anime.biz: Watch Honzuki no Gekokujou: Shisho ni Naru Tame ni wa Shudan wo Erandeiraremasen OVA (Dub) 4anime Episode Full 4anime chromecast

Bit: http://bit.do/https-animefreak-ws

Starity: https://starity.hu/profil/292825-kissanimemx/