October 27, 2020 11:22
Балкан

Изгаснат пожарот во Мостар

Изгаснат е пожарот во мостарската населба Јасеница, што претставуваше сериозна закана за куќите во таа населба.

„Пожарот беше пријавен синоќа во 22:30 часот во близина на затворот во изградба“, соопшти Професионалната противпожарна бригада во Мостар.

Трева и ниска вегетација биле зафатени од огнот, но со оглед на тоа што имало блиска населба и дека пожарот се ширел брзо, тоа претставувало сериозна закана за куќите.

Сите екипи излегле на терен и пожарот беше изгаснат во 2:15 часот, по што дел од екипата останала на терен до изутринава.