December 2, 2022 10:18
Општини

Извршена дератизација на градската канализациска мрежа во Делчево

Извршена дератизација на градската канализациска мрежа во Делчево

Делчево, 21 јуни 2021 (МИА) – Дератизацијата на градската канализациска мрежа во Делчево ја вршеа стручни екипи од Подрачната единица при Центарот за јавно здравје – Кочани во соработка со претставници од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ и овластени лица од Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

-Според предвидените параметри, за успешно справување со овој тип преносители на заразни заболувања, третирани се 220 канализациски шахти со 35 килограми средство „Бродисан“ во вид на гранули и коцки за неутрализирање на преносителите, глувци и други глодари кои се потенцијални преностители на вектор заразни заболувања, информираа од Општината.

Со овие мерки и активности е опфатена и градската депонија.

-Употребени се 30 килограми од средството во гранули и 5 кгр од средството во вид на коцки за дератизација на градската депонија.  Оваа мерка е согласно со Програмата за заштита на населението од заразни и други заболувања и се спроведува редовно, најмалку еднаш годишно на територијата на градот Делчево, додадоа од Општината.

Целта на дератизацијата е да се намали популацијата на глодарите кои освен што се преносители на заразни болести, во потрагата по храна можат да предизвикаат оштетувања на инсталации,  телекомуникациски и водоводни системи, како и штети во домовите. вс/мч/