June 14, 2021 06:55
Економија

Извозот со раст од 29 отсто во првиот квартал

Извозот на стоки од земјава во првиот квартал годинава бележи раст од 29 осто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2021 година, изнесува 2.002.586 илјади американски долари, вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2,637.519 илјади американски долари, што е за 24,6 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година, додека трговскиот дефицит, во перидот јануари – март 2021 година, изнесува 634.933 илјади американски долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – март 2021, изнесува 75.9отсто.

Трговската размена по производи покажува дека најмног сме извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот, а сме увозувале најмногу другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, ќерамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – март 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

AnimeHeaven animeheaven one piece: Watch Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 73 (https://animeheaven.pro/m/EW6q/ep-73)

AnimeDao your name animedao: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 12