April 20, 2019 16:45
Балкан

Извлечена седмица на лото во Србија, добивка од рекордни 6 милиони евра

Во четвртото коло на Државната лотарија на Србија извлечена е седмица, вредна 6.050.000 евра. Тоа е најголем добитник во историјата на српската лотарија, пренесе РТС.

Добитникот го купил среќното ливче во Суботица, а среќната комбинација била 1,3,7,10,19,20 и 30.

За ова коло вкупно биле уплатени 70.807.680 динари, односно 885.096 лото комбинации.

Минатиот пат седмица била извлечена во декември 2017 година и тогаш наградата од 4,4 милиони евра отишла во Оџак.

Во следното коло на Лото седмицата ќе изнесува 35.000.000 динари.

Нови вести

Во Словенија запленети 275 килограми наркотици

Igor

Атина: Турција да научи да го почитува меѓународното право, а не да го толкува своеволно

Igor

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Igor