August 25, 2019 05:19
Македонија

Избрани првите луѓе на партиските Комисии на СДСМ,Калеска-Ванчева нов координатор на Форумот на жени

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по денешната седница на Централниот обор на партијата изјави дека се донесени неколку одлуки, со кои ги заокружиле промените во партијата.

-СДСМ покажа дека има капацитет да се менува, во интерес на граѓаните и забрзување на напредокот на државата. Во таа насока, Централниот одбор на СДСМ, денеска ги комплетираше првите луѓе на партиските Комисии на СДСМ:

Претседател на Комисијата за внатрешни работи – проф.д-р Зоран Верушевски

Претседател на Комисијата за европски прашања – Бојан Маричиќ

Претседател на Комисијата за економија – Киро Кормишовски

Претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање – Каја Кишукова

Претседател на Комисијата за здравство – д-р Венко Филипче

Претседател на Комисијата за земјоденство, шумарство и водостопанство – Зоран Атанасов

Претседател на Комисијата за труд и социјалана политика – Милан Живковиќ

Претседател на Комисијата за култура  – Роберт Алаѓозовски

Претседател на Комисијата за образование и наука – Елизабета Наумовска

Претседател на Комисијата за надворешни работи – Едмонд Адеми

Претседател на Комисијата за одбрана – Драган Николиќ

Претседател на Комисијата за правда – Златко Николовски

Претседател на Комисијата за транспорт и врски – Благој Бочварски

Претседател на Комисијата за финансии – Фатмир Бетиќи

Претседател на Комисијата за информатичко општество и администрација – проф.д-р Драган Гоцевски

Претседател на Комисијата за локална самоуправа – Дејан Павлевски

Претседател на Комисијата за енергетика – Митко Андреевски

Го проширивме бројот на Комисии и воведовме нова, Комисија за спроведување на политиките едно општество за сите граѓани. Во наредниот период остаува да се комплетираат Секретаријатите на овие Комисии, коишто ќе работат интензивно на креирање на нови мерки и политики и на реализација на она што е ветено пред граѓаните, рече Николовски.

Снежана Калеска е избрана за Координаторка на Форумот на жени на СДСМ.

Задоволство ми е што имаме многу нови луѓе, млади, кои во спој со искусни и стручни луѓе, со авторитет и одговорност ќе дадат нов квалитет во делувањето на СДСМ и особено во делот на креирање на политиките. Во овој период артикулиравме на централно и локално ниво 700 нови луѓе во извршните одбори на општинските огранизации, во партиските комисии и како претседатели на општински организации на СДСМ, процес којшто е целосно завршен. Како генерален секретар ги информирав членовите на ЦО за тоа како новиот систем на работа и делување на СДСМ се имплементира. Течат анализите на реализираните програми на локалната и централната власт.
Тимовите на СДСМ веќе се секојдневно меѓу граѓаните, на теренот, на маалски средби, ги слушаме граѓаните и делуваме. Она што го забележаа нашите тимови се анализира, ќе биде преточено во дополнителни политики и позитивни мерки во интерес на граѓаните. Го најавувам следниот Централен одбор на којшто ќе донесеме пакет на мерки коишто се од интерес на граѓаните и којшто ќе бидат поздравени, изјави Николовски.

Нови вести

АВМУ: Политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите

24news

Камчев се сонча во Бугарија

24news

Филипче: Останува концептот за Детска кардиохирургија, операции и во двете приватни болници

Igor