February 22, 2020 07:12
Свет

ИД презеде одговорност за нападот во Нигер

– Огранокот на Исламска држава, наречен Западно Африканската провинција на ИД (ИСВАП) презеде одговорност за нападот врз војската во Нигер при што беа убиени најмалку 89 војници.

Во соопштението на ИСВАП се наведува дека се убиени 100, а повредени се неодреден број на војници во нападот на база во градот Чинагодрар, кој се наоѓа во близина на границата со Мали.

Минатонеделниот инцидент се смета за најсмртоносен напад во последните неколку години во Западна Африка.