April 8, 2020 13:23
Магазин

Идрис Елба ги негира озборувањата дека е платен да кажува дека е заразен со коронавирус

Англискиот актер Идрис Елба (47) ја негираше бизарната теорија што кружи на интернет дека на јавните личности им е платено да кажуваат дека се заразени со коронавирус.

47-годишниот актер неодамна откри со сопругата Сабрина (29) дека има „Ковид-19“.

Тој зборуваше за теоријата на заговор на „Инстаграм“.

„Идејата на некои луѓе дека некој ми платил само за да кажам дека сум добил коронавирус е апсолутно с*ање.Тоа е таква глупост, а луѓето ја шират како вистинска вест“, рече тој.

Не е познато зошто некој би им платил на славните за да кажат дека страдаат од коронавирус, но таа теорија ја поддржала и раперката Карди Би (27).

„Мислам дека дебатата за богатите и сиромашните луѓе и за тоа кој добил тест, а кој не, не е здрава“, рече тој.

„Во ред, добив тест, но исто така добив и вирус, дали тоа ме прави привилегиран? Не го разбирам тоа“, додаде тој.

„Ова не е филм. Не сум актер сега. Јас сум само човечко суштество, кое по игра на случај е во очите на јавноста“, рече тој.

„Затоа сакам луѓето да разберат дека ова е многу реална ситуација. Не се чувствувам привилегиран што сум се тестирл и што го имам вирусот“, заклучи Идрис.