August 22, 2019 09:28
Фудбал

Игуаин: Сари знае како да го извлече најдоброто од мене

Иако на првите два настапи не постигна гол во дресот на новиот клуб, Игуаин успеа на натпреварот против Хадерсфилд да постигне два погодоци.

Сари и Игуаин одлично соработуваа во Наполи, а се чини дека таа врска ќе продолжи и сега во Челси.

„Сари знае како да го извлече најдоброто од мене, знае како да се однесува кон мене во емоционален смисол. Мило ми е што повторно соработувам со него во голем клуб. Мислам дека заедно можеме да ги исполниме целите на клубот“, изјави Игуаин и додаде:

„Премиер лигата и Италијанската лига се целосно различни натпреварувања. Овде штом ќе ја добиете топката, дефанзивците веднаш тргнуваат да ве нападнат. Стадионите секогаш се исполнети, атмосферата е фантастична и можете слободно да прошетате на улиците“, изјави Игуаин.

Нови вести

Балотели е нов фудбалер на Бреша

24info

Утре ќе биде позната судбината на Дибала

24info

Најголемите разочарувања од Серија А во Премиер

24info