Неофицијално, на селекторот му бил понуден шестмесечен договор со важност до крајот на континенталниот собир, по што најверојатно ќе дојде до промена на репрезентативното кормило.
Мрме на клупата на Македонија седна пред пет години, а во ноември лани го оствари најголемиот успех со победите над Косово и Грузија во плејофот од Лигата на нации. Неговиот договор заврши со крајот на 2020 година.