Македонија

ИВЗ: Молитва за Бајрам ќе има, постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб за откажување на намазот

Реисот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи на Фејсбук го објави писмото кое во понеделникот го испратил до Владата со предупредување дека нема да бидат почитувани ограничувањата на движењето за време на продолжениот викенд, односно за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.

-Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската вероисповед, имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избори. Додека ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб за откажување намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ви гарантираме дека во текот на обавување на намазот, ќе ги почитуваме сите препораки кои се имплементират за обавување на дневните намази, за кои досега не сме добиле никаква забелешка од Ваша страна. Се надеваме на Вашето разбирање, пишува во писмото.

Ријасетот наведува дека ќе се почитуваат мерките за растојание при клањање на верниците како и преостанатите препораки.

Комисијата за заразни болести на Владата вчера и препорача карантинот за престојниот викенд да трае од сабота во 19 часот до вторник до 5 часот наутро.

Është dërguar me datë 18 maj 2020Deri te: Qeveria e RMV-ës-Shtabi Kryesor Kordinues i Krizave – Komisioni për…

Posted by Sulejman Rexhepi on Среда, 20 мај 2020