October 18, 2019 09:08
Македонија

Иванов: ДКСК да постапи на ист начин и со другите носители на државни и јавни функции

По најавата дека Државната комисија за спречување корупција ќе поведе постапка за проверка на имотната состојба на претседателот Ѓорге Иванов, се огласи неговиот кабинет, поздравувајќи ја преземената постапка.

Од кабинетот се вели дека претседателот Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба, како и дека порачал оти чесен влегол во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат.

„Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија,онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов“ велат од кабинетот на Иванов.

Нови вести

Екстремно топло, со потпросечни врнежи во октомври

Igor

ВМРО-ДПМНE: Заев потроши три години на растурање на државата, општествено, економски, безбедносно, и финансиски

Igor

Марк Руте: Дискусијата за проширувањето оставена за следниот самит

Igor