Македонија

Ивановски: Уставниот суд веќе одлучувал по иницијативата за Законот за банки, евентуално би можел да се произнесе само по новите елементи

Уставниот суд веќе се произнел дека нема повреда на Уставот во однос на Законот за банки, со што според поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, оваа работа е пресудена и новата иницијатива по истиот предмет би требало да биде отфрлена, освен доколку има некои нови елементи по кои Судот би требало да се произнесе.

– Сега по истиот предмет има нова иницијатива, која би требало да се отфрли, бидејќи е решавано по тој предмет. Доколку пак има некои нови елементи во иницијативата, кои  што се различни од претходната иницијатива, Судот можеби ќе треба да се произнесе, но само по новите елементи. Имајќи предвид дека тогаш кога е решавано по првиот предмет Судот ја отфрлил иницијативата, бидејќи нема повреда на Уставот, оваа работа е пресудена, вели Ивановски.

Според него, истиот состав на Судот за исти прашања за кои веќе се произнел, нема потреба повторно да се произнесува и дотолку повеќе што не повел постапка, по иницијативата.

Од Уставниот суд за МИА, потврдија дека денеска го добиле мислењето од Антикорупциската комисија, според кое нема судир на интереси кај уставните судии да гласаат по иницијативата за член 163, став 3 од Законот за банки, поднесена од оштетените штедачи од Еуростандард банка.

Иницијатива до Антикорупциската комисија да провери, дали кај некој уставен судија има судир на интереси кој би можел да влијае на одлуката за нивното гласање, ја покрена претседателот на Уставниот суд Сали Мурати и се однесуваше за сите уставни судии, вклучително и за него, а не само за одредени.

Иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, Уставниот суд ја разгледа на продолжението на 9-тата седница, на 15 април, откако на двапати седницата беше одложувана, на 25 март и на 7 април.

Во пресрет на последната седница, пред зградата на Уставниот суд, Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард Банка „Правда за штедачи”, одржа протест на кој повика Уставниот суд да ја укине како неуставна одредбата со која Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител со приоритетно право за наплата во однос на сите други доверители во случај на стечај на банка.

GoGoAnime gogoanime: So I'm a Spider, So What? Episode 14

AniWatch anime websites: Watch Black Clover Episode 135