August 3, 2020 13:23
Спорт

Ибра стана акционер во Хамарби, навивачите на Малме му ја оштетија статуата

Откако официјално беше објавено дека фудбалскиот ас Златан Ибрахимовиќ станал акционер во шведскиот клуб Хамарби од Стокхолм, навивачите од матичниот клуб на гол-мајсторот Малме се налутија и ја оштетија неговата статуа поставена  во негова чест пред нивниот стадион. Додека навивачите се револтирани на ваквиот потег од Ибрахимовиќ, „Би-Би-Си“ открива зошто тој се одлучил да инвестира во клубот од Стокхолм, а не во матичниот Малме.
Ибракадабра и неговите финансиски советници процениле дека Хамарби е клуб добар за инвестирање, бидејќи ќе напредува и ќе се развива.
Хамарби заврши на делба на втората позиција со Малме, имаат по еден бод помалку од Ѓургарден и можноста да излезат на европската сцена. Капацитетот на стадионот на Хамарби е 30.000 гледачи и тој беше полн дури и кога тимот играше во втора лига. Она што му беше потребно е медиумската атрактивност, а таа дефинитивно клубот го добива со влегувањето на Ибрахимовиќ во клубот.
Ибрахимовиќ за медиумите изјави дека Хамарби има потенцијал да стане најголемиот скандинавски клуб и според „Би-Би-Си“ тоа е реалност, а не претерување.