February 2, 2023 22:14
Спорт

Ибра објави видео кое неговите фанови го чекаа со месеци

Златан Ибрахимовиќ пред неколку месеци наполни 41 година, но не најавува дека размислува да стави крај на фудбалската кариера. Легендарниот шведски напаѓач во изминативе 12 месеци има одиграно само 10 меча и ниту еднаш на теренот не помина повеќе од 30 минути.

Откако заработи потешка повреда на коленото на крајот од минатата сезона, Ибрахимовиќ речиси осум месеци е надвор од теренот, а неговите фанови со нетрпение го чекуваат враќањето во дресот на Милан.

Во изминативе неколку месеци, Ибрахимовиќ на своите социјални мрежи објавуваше видеа на кои покажуваше како напорно работи во теретана и ги засилува мускулите. Денеска, Ибрахимовиќ и официјално се пофали дека почнува да работи и со топка.

Засега нема официјални прогнози кога голгетерот би можел да биде подготвен да се врати на теренот, но некои прогнози се дека би бил во составот за дуелите од Лигата на шампиони. Росонерите во осминафиналето на елитното европско друштво за противник го има англискиот Тотенхем.