January 19, 2021 05:55
Спорт

Ибра-гол десетина дена ќе паузира поради повреда

Лидерот во италјанската фудбалска Серија А, Милан сеуште е во исчекување што ќе соопшти здравствениот тим по прегледите на Златан Ибрахимовиќ кој се повреди на вчерашното дерби со Наполи и предврме го напушти терено. Ибра-гол кој постигна два погодока во Неапол и ја најави победата на својот тим (3:1) според италијанските медиуми добил совет од лекарите да паузира најмалку десет дена. Неофицијално првичните направени тестирања покажале дека има само истегнување на мускулот и ново тестирање ќе има за десет дена.

Ибрахимовиќ со 10 погодока е прв стрелец во италјанската фудбалска Серија А сезонава иако не ги одигра сите осум натпревари од стартот на сезоната. Шведскиот 39-годишен  интеранционалец игра во одлична форма и е предводникот на Милан сезонава.