October 23, 2020 10:16
спорт

Ибрахимовиќ сам ќе одлучи дали ќе игра следната година

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ ќе одлучи сам дали сака да игра за италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан и во следната сезона, според Рики Масара, спортски директор на тимот.

– Се зависи од него. Тоа зависи од тоа како се чувствува и колку игра фудбал. Тој е вистински феномен и ние сме многу задоволни од неговиот настап на теренот, рече Масара.

Ибрахимовиќ потпиша за половина година во јануари и има опција да го продолжи договорот за уште една сезона со Милан.