Спорт

Ибрахимовиќ казнет со еден натпревар

Дисциплинската комисија на Серија А му изрече денеска суспензија од еден натпревар на напаѓачот на италијанскиот прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, поради црвениот картон што го доби минатиот викенд на мечот против Парма.

Ибрахимовиќ доби и дополнителна парична казна во износ од 5.000 евра поради „провокативен став и непочитување” кон главниот судија на натпреварот, објавија италијанските медиуми.

Ибрахимовиќ доби директен црвен картон во 60 минута, а неговиот тим на гостувањето на крајот забележа победа од 3:1 и покрај тоа што последните половина час од мечот ги одигра со играч помалку.

Шведскиот напаѓач, поради суспензијата, нема да може да му помогне на Милан на мечот против Џенова на домашен терен.

AnimeHeaven animeheaven bna: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview

KissAnime paradise kiss anime: High-Rise Invasion Episode 12