September 21, 2019 17:44
Магазин

Зошто треба да користите етерични масла?

Етеричните масла можат да привлечат пари, среќа и мир во домот.

 

Ароматерапијата е древен исцелителски метод. Мирисите, според фенг шуи, претставуваат манифестација на енергијата во просторот во кој живееме, па затоа им се припишува лековитоста.

Најважно е нашата куќа да мириса на чисто, затоа што непријатните мириси создаваат негативна енергија. Исто така, важно е да се проветрува просторот во кој живееме што повеќе.

Пожелно е да не користиме освежувачи за простор што се вклучуваат во струја, затоа што мешавина од различни мириси и хемикалии лошо влијае на здравјето. Природните мириси имаат предност. Затоа се препорачува да користите природни извори на мирис како што се масла, свеќи, свежо цвеќе или овошје.

Етеричните масла со мирис на лимон имаат контрола над емоциите и менталната стабилност. Мирисот на лаванда создава мир, а мирисот на шумското овошје привлекува пријателство и љубов во вашиот дом. За сите кои сакаат да пронајдат искрена љубов, мирисот на орхидеја е вистинскиот избор. Слаткиот мирис на ванила и цимет донесува среќа во бракот, тврдат научниците.

Нови вести

Фејсбук укина илјадници апликации

Igor

Штипјани повикуваат на пастрмајлија и добра забава со Цеца и Даниела

Igor

Деми Мур се кае што се согласила да има секс во тројка со поранешниот сопруг Качер

Igor